photo-original

Интересен проект од компанијата Curiscope, моментално претставен како Kickstarter кампања за собирање на средства, што значи од тоа и ќе зависи достапноста на пазарот.

Се работи за комбинација на посебно направена маичка и мобилна апликација кои овозможуваат разгледување на човековата анатомија преку интересни и блиску до реалноста анимации.

Virtuali-Tee работи на принцип на виртуелна реалност, односно со насочување на мобилен телефон, таблет компјутер, па и некој од уредите за виртуелна реалност, кон маичката, по што се прикажува анатомијата на телото, односно делот кон кој е насочен уредот.

Апликацијата овозможува и навлегување во одредени делови преку интересни анимации кои се прикажуваат и цело време при користење на апликацијата со што се добива навистина реална слика, а посебно преку уредите за ВР.

Овој уред е во главно наменет за образовните институции и децата кои на еден поинтересен начин би биле мотивирани да научат нешто. Од компанијата истакнуваат дека на овој начин сакаат да го искористат фактот на денешницата кога повеќето млади по цел ден гледаат во некој екран, па на овој начин да биде и нешто навистина корисно.

Од компанијата преку Kickstarter бараат минимум 70.000 фунти за да започнат со производство, а досега имаат собрано повеќе од 50.000 на 9 дена до истекот на рокот, па не е сигурно дали кампањата ќе помине успешно.

Извор: Kickstarter, Curiscope

Претходна статијаКако изгледа „freeform windows“ режимот во Android N
Следна статијаРоботски раце на Google се научија да подигаат предмети
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.