Оваа информација прво беше објавена од страна на The Wall Street Journal, според која компанијата на Елон Маск, SpaceX, е во фаза на развој на цела флота од микро сателити. Сателитите треба да бидат со големина дупло помала од денешните стандардни комуникациски сателити и ќе бидат наменети да обезбедат брз, непречен и евтин интернет пристап во деловите од светот каде што тоа е реткост. Според весникот, тежината на сателитите треба да биде нешто поголема од 100 килограми, а нивната бројка ќе биде повеќе стотици. Тие ќе работат во формации и групи кои што треба да бидат наменети за разни делови од светот.
Сепак весникот оваа информација ја има пренесено врз основа на неофицијални извори и шпекулации, па Елон Маск се огласи преку неговиот Twitter профил каде што ја потврди информацијата за проектот, меѓутоа нагласи дека во веста има доста грешни информации. Кои информации се грешни, а кои точни, Маск не нагласи, па само го потврди постоењето на проектот за кој што ќе има повеќе информации во наредните месеци.
SpaceX is still in the early stages of developing advanced micro-satellites operating in large formations. Announcement in 2 to 3 months.
— Elon Musk (@elonmusk) November 11, 2014
Обидот на големите компании да донесат интернет до деловите од светот каде што покриеноста со пристап е мала или воопшто ја нема е нешто за кое што почесто може да се прочита во последните години. Се разбира секоја компанија го прави тоа поради сопствените потреби, односно корист, меѓутоа сепак може да се каже дека во ваквите случаи е двете страни добиваат.
Еден од познатите проекти за донесување на интернет во сиромашните делови од светот е тој од страна на Facebook. Компанијата тоа сака да го направи преку пуштање во употреба на повеќе беспилотни летала кои работат на соларна енергија.
Извор: Geek, TechCrunch, Twitter