SSD дисковите целосно ја променија работата со компјутерите. Тие работат значително побрзо, а тоа се забележува и во самата работа на целиот оперативен систем. Сепак, една работа ги прави прилично „ризични“ во споредба со HDD дисковите, а тоа е нивната трајност.

Проблемот кај SSD дисковите не е само во тоа што имаат помал животен век, туку тие кога ќе престанат да функционираат, е прилично нагло, без најава и толку од дискот, па треба да се купи нов.

Ова иако е проблем и за обичните корисници, сепак многу посериозен проблем е за серверите, нешто што прави да бекапот и заштитата на податоците е уште поважна работа.

Samsung најави нови SSD дискови, кои покрај другите новини, доаѓаат со систем кој овозможува да доколку еден од чиповите на кои работат овие дискови престане со работа, податоците по проверката за грешки, се префрлаат на друг чип.

Со тоа овој диск ќе може да продолжи со работа, па корисникот има време да го замени и префрли податоци, без истите да ги изгуби, барем со значително намалени шанси за истото.

Без разлика што овие дискови за почеток се наменети за серверите, со тек на време може да се очекува да им бидат овозможени и на обичните корисници.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2PCMag
  • ОЗНАКИ
  • SSD
Претходна статијаРСБСП со апел до возачите: Празниците се време за радости и веселби
Следна статијаДали порнографија потпаѓа под слобода на изразување?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.