Мобилните телефони веќе одамна ги заменија фото апаратите кога се во прашање аматерските слики. Веќе нема ниту потреба, а ниту логика да на одмор или било кое друго „шетање“, се носи камера кога таа од телефонот може да ги задоволи сите потреби за сликање, па некогаш и подобро поради вештачката интелигенција која ги подобрува сликите и нема потреба од познавање дури ни на основите на фотографијата.

Можеби мобилните телефони нема никогаш да ги заменат апаратите, но дефинитивно се приближуваат до некои од нивните карактеристики, па дури и професионалците може дел од својата работа да ја завршат некогаш со мобилен телефон.

Ова, но и подобрувањето на „обичните“ слики е резултатот од подобрувањето на технологијата на сензорите, а Samsung дефинитивно е на врвот на овој пазар. Тие го претставија ISOCELL Bright HMX, нивниот најнов сензор којшто има 108 мегапиксели.

Овој сензор е прв ваков на пазарот и е развиен во соработка со Xiaomi. Веќе имаше најави дека од Xiaomi спремаат телефон со камера со 108 мегапиксели, па еве и потврда дека тоа е точно и кој е сензорот којшто тие ќе го користат.

Инаку, ISOCELL Bright HMX е нешто поголем од стандардните сензори со што ќе се овозможи да има нешто поголеми пиксели, а со тоа доста подобрена способност за слики во потемни услови.

Како што е стандардно со Samsung, овој сензор ќе ги комбинира секои 4 сензори, со што се добива слика со 27 мегапиксели. Секако ќе може да се направи и слика со 108 мегапиксели, а тоа ќе зависи и од прилагодувањата во апликацијата за камерата која ќе ја вклучи производителот којшто ќе го користи овој сензор.

Новиот сензор исто така ќе може да овозможи и снимање на 6К видео со 30 fps.

„ За ISOCELL Bright HMX, Xiaomi и Samsung работеа заедно и блиску уште од раната фаза на креирање до производство што резултираше со пионерскиот 108MP сензор. Ние сме многу задоволни што резолуции за слики кои претходно беа достапни само во DSLR камери од високата класа, сега може да бидат вградени во смартфоните. Како што го продолжуваме нашето партнерство, очекуваме да донесеме не само нови искуства за камерите на мобилните, туку и платформа преку која нашите корисници ќе може да создаваат уникатна содржина.“ – истакна ко-основачот и претседател на Xiaomi, Лин Бин.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаЏон Вик 3: Парабелум
Следна статијаHuawei го претстави првиот производ којшто ќе работи на нивниот HarmonyOS оперативен систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.