Techpage---Hero-spot_Web_1

Паметниот ремен не е единствениот нестандарден и интересен производ кој што е ставен во категоријата на паметни уреди. Американската компанија Sensoria, исто така на CES2015, претстави паметни чорапи кои што доаѓаат и со можност за користење со паметна алка за зглобот на ногата.

Иако овие чорапи можат да се користат од страна на разни видови на корисници, тие во главно се наменети за професионалните или тие кои што се сметаат за професионални спортисти. Начинот на кој што тие функционираат е преку сензор поставен на нивната долна страна кој што го мери притисокот на стапалото кој што го остава на подлогата при движење. Дополнети со паметната алка која што може да се нарача заедно или посебно од чорапите, корисниците добиваат можност за следење на дополнителни фитнес информации, како и поврзување со апликација на мобилниот телефон.

Главната намена на паметните чорапи е да на корисникот му дадат што повеќе информации за неговиот стил на трчање и движење. Со тоа тој треба да го прилагоди неговото движење за да го намали бројот на повреди на минимум. Претпоставувам дека тие што редовно трчаат, го имаат проблемот со повреди поврзани со колената, зглобовите и слично.

Алката се поврзува со чорапите преку посебен приклучок кој што е поставен на нив, а преку неа ги испраќа информациите до мобилната апликација. Исто така, алката ги следи чекорите, брзината, поминатата оддалеченост и слично.

Паметните чорапи и алката ќе се продаваат по цена од 199 долари заедно. Од компанијата покрај овие два производи, имаат и паметни маици и градници.

Извор: PCWorld, Sensoria

Претходна статијаBelty е паметен ремен кој се прилагодува на вашата половина
Следна статијаApple патентира концепт за свитлив телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.