Electronic-photonic processor says "Hello World!" – The processor chip communicates to the outside world directly using light. The photo shows the packaged electronic-photonic processor microchip under illumination that reveals the chip's primary features. (Image by Glenn J. Asakawa, University of Colorado, Glenn.Asakawa@colorado.edu)

Неодамна пишувавме за квантните компјутери, но за момент заборавете на нив, бидејќи ќе можеме да ги користиме во малку подалечната иднина. Сега ќе пишуваме за една технологија која може многу побрзо да пристигне во нашите паметни уреди, а да направи прилично голем скок во перформансите и трансферот на податоци – фотонските процесори.

Имено, научници од Универзитетот во Колорадо, изјавија дека се први што направиле фотонски процесор кој вистински функционира. Резултатите се застрашувачко добри – трансферот на податоци преку светлина е за 10 до 50 пати побрзо во однос на тој на струја (300 Gbps), кој се користи кај денешните процесори, што може да придонесе за многу голем напредок во перформансите.

Дизајнот на процесорот на истражувачите не е целосно фотонски, но има 850 елементи со можност за репродукција и примање на светлина (output-input), кои со помош на фотоните во светлинскиот зрак можат да пренесат податоци. Причината за подобриот проток на податоци е што зракот светлина поминува низ многу помалку отпор отколку струјата низ електричното коло, а кога ќе размислиме, низ нашите паметни уреди има многу, многу електрични кола кои треба да ги помине електричниот сигнал.

photonic-chip-horizontal

Всушност, фотонската технологија е веќе достапна и за интернет пристап, дури и кај нас, со таа разлика што на поголеми далечини, мора да се користи оптички кабел. Што е всушност многу добар начин за да се објасни разликата во брзината на пренос на податоци – оптичкиот интернет е неколку пати побрз од оној пренесуван преку кабел.

Процесорот на истражувачите од Универзитетот во Колорадо има две јадра и не е многу моќен – сепак се работи за уред за тестирање, но тие се сигурни дека фотонската технологија може да се вметне дури и во денешните дизајни на процесори, без поголеми измени, инстантно донесувајќи подобрување на перформансите, како и намалување на потрошувачката поради помалите отпори.

Извор: Engadget, PCWorld, CNET

Претходна статијаНеуспешни се околу 9% од проектите на Kickstarter
Следна статијаКако ќе изгледа светот во 2045 според DARPA