Фото: EnGadget

LG
Фото: Engadget

Компанијата LG ѝ го претстави на јавноста нивниот последен збор на технологијата. Се работи за 88 инчен 8К OLED екран. Ова е екран со најголема резолуција и истовремено најголем OLED екран во светот.

Гордоста на корејската компанија ќе биде претставена на Глобалниот саем на иновации (CES) кој традиционално се одржува во Лас Вегас. Претходниот рекордер беше 77 инчен OLED екран, кој меѓутоа имаше двојно послаба резолуција. Sony, Panasonic и LG Electronics се единствените на пазарот кои располагаат со вакви екрани.

Тие веќе долго време водат борба за превласт на ова поле со Sony. Но, се чини дека Sony тактички „се повлекува“ кон производството на т.н. QLED екрани оставајќи го приматот на LG. Ваквиот потег на Sony е неочекуван. OLED технологијата допрва зема замав во производството на мобилни уреди, што е речиси „домашен терен“ на Sony.

Од комерцијален аспект, новиот екран на LG е далеку од достапен и практичен за секојдневна употреба. Содржини во 4К резолуција допрва го завземаат пазарот, па непотребно е да се зборува за комерцијализација на 8К. Овој уред повеќе служи како „пропаганден“ материјал во пресрет на големиот саем во Лас Вегас кој ќе биде отворен на 9-ти јануари.

Извори: Engadget, The Verge, CES

Претходна статијаРоботи ги бранат од бездомници тротоарите во Сан Франциско
Следна статијаСериозен сигурносен пропуст пронајден во процесорите од Intel