Уште откако беа лансирани првите смартфони со камера, имаше апликации кои гледаа под облеката на тој/таа кон кој ќе го насочите телефонот, односно дури и во внатрешните органи. Ова секако е лага – таква камера не постои, се досега. Имено, научници од Универзитетот во Единбург открија нова камера која може да гледа во внатрешноста на човечкото тело, но повторно не на начин на кој го замислувате.

Имено, оваа камера ќе биде наменета за полесно насочување на ендоскопите (направи за снимање) во внатрешноста на организмот. Денес, за насочување на ендоскопите, докторите мораат да користат Рендген зраци, кои се многу скапо и штетно решение и за докторот и за пациентот. Стандардна камера во овој случај би помогнала многу, бидејќи би ја намалила цената на испитувањето, што ја прави многу достапна, но воедно и многу побезбедна бидејќи се избегнуваат штетните радиоактивни зраци.

Новата камера е исклучително сензитивна на светлина и може да го открие изворот на светлина од ендоскопот и со тоа да ја прикаже неговата позиција. Како што сите знаеме, нашето ткиво може да пропушти светлина, но онаа од ендоскопот е многу слаба и често знае да се прекрши во ткивото. Поради ова, позицијата на ендоскопот е тешко да се лоцира со „голо око“, бидејќи не може да се најде точниот извор на светлина.

Новата камера сепак може да го направи тоа, бидејќи е осетлива на фотоните кои директно удираат во нејзиниот сензор (односно поминале низ ткивото) и благодарение на тоа може лесно да го открие точниот извор на светлина, односно позицијата на ендоскопот.

Извор: BBC, Evening Standard, Sky News

Претходна статијаNissan го претставува новиот електричен и полуавтономен Leaf
Следна статијаGoogle Drive стана „пиратска Мека“