Samsung го претстави својот прв 5nm чип и со тоа се приклучи на Apple и Huawei кои веќе имаат претставено чипови со оваа технологија. Exynos 1080 е чипот којшто Samsung најверојатно ќе го користи кај уредите од средно високата класа, додека се очекува претставување на посилен чип за највисоката класа.

Според информациите, овој чип е произведен од страна на Samsung, а не TSMC, со што пазарот добива повеќе избор и конкуренција. Дизајнот на чипот е направен во соработка со Vivo, па се очекува од оваа компанија да бидат првите кои ќе претстават смартфон кој ќе работи на Exynos 1080.

Овој нов процесор од Samsung, поради тоа што е направен на 5nm технологија, значи дека ќе има подобри перформанси со истата големина на чипот, со поголема заштеда на енергија. Exynos 1080 исто така донесува и подобрување кај перформансите за машинско учење, а има и вграден 5G модем.

Exynos 1080 вклучува 8 јадрен процесор кој е составен од четири Cortex-A78 јадра, од кои едно е за најдобри перформанси и ќе функционира до 2,8 GHz, додека останатите три до 2,6 Ghz. Останатите четири јадра се наменети за поголема заштеда на енергија при нормално користење на уредот и вклучуваат Cortex-A55 јадра со можност за работа до 2.0 GHz.

Како доказ дека сепак овој чип нема да се користи кај уредите од највисоката класа, туку ќе биде претставен посилен чип, е и можноста за функционирање на 4К резолуција, но до 90Hz стапка на освежување. Јасно е дека Samsung ќе продолжи да вклучува екрани со стапка на освежување од 120Hz кај нивните уреди од највисоката класа, па ќе видиме каков ќе биде чипот наменет за нив.

ИЗВОРGizmodo
Претходна статијаКампањи на АЕК за заштита од измами на интернет
Следна статијаSamsung Galaxy паметните телефони и таблети се дел од Android Enterprise Recommended програмата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.