inteldevilscanyon_primary-100309249-large-100594532-gallery

Дојде времето од кое веќе некое време „стравувавме“, а тоа е дека процесорите ќе го постигнат максимумот и нема да има големи подобрувања во нивната брзина како што беше случајот досега. Оваа вест е директно од Intel, најголемиот производител на моќни процесори за серверските и десктоп машини, што значи дека дефинитивно во наредниве неколку години, новите чипови ќе носат само големи подобрувања во економичноста.

Според “Moore’s Law”, односно законот на Гордон Е. Мур, еден од коосновачите на Intel, бројот на транзистори во процесорите се дуплира на секои две години, развој кој до пред десетина години се очекуваше дека нема да застане. Сепак, производството на помали транзистори станува се потешко (во моментов најдобрите чипови се со транзистори со големина од 14 nm) и се очекува да застане на 7 nm, кога чиповите веќе нема да може да имаат големи подобрувања во брзините.

Секако, со разни оптимизации може да се постигнат поголеми брзини, но тие разлики ќе бидат многу мали. Она што може да очекуваме, сепак, е дека моќните чипови ќе стануваат се поефикасни и ќе трошат помалку енергија, па може да очекуваме да се преселат во преносните уреди.

Најавата дека процесорите во иднината нема да бидат многу побрзи од актуелните ја соопшти Вилијам Холт, генерален менаџер на групата за Технологија и Производство на Intel, кој најави големи транзиции во развојот на нови чипови: „Најдобрите технолошки подобрувања што можеме да ги направите, ќе донесат подобрување во потрошувачката на енергија, но ќе ја намалат брзината“.

Интересно, ова е директно поврзано со најавата за „полуквантни“ чипови, кои би требало да пристигнат во графичките процесори во наредните 18 месеци. Токму овие чипови се очекува да донесат големо намалување на потрошувачката не енергија, но во почетокот веројатно и послаби перформанси од своите претходници.

Од друга страна, најавата на Intel дека нивните чипови ќе бидат побавни, но поефикасни, може да се протолкува како поагресивен влез во светот на преносните уреди, каде доминираат ARM платформите, што е и логично – големите десктоп компјутери веќе го доживуваат својот зенит.

Извор: PCWorld, ExtremeTech, The Stack

Претходна статијаСмартпортал неделник 8-14 февруари 2016
Следна статијаSurface тимот на Microsoft патентира модуларен десктоп компјутер