Стагнирањето на продажбата на паметни телефони полека, но сигурно го тера Apple да бара купувачи и во други сектори на технологијата. Според нови информации и фотографии, тие спремаат влез на пазарот на телевизори со 60 инчен модел, кој ќе има дисплеј со OLED технологија, што значи ќе биде прилично скап – OLED телевизорите на конкурентите со толкава големина чинат преку 4.000 евра.

Фотографиите се прилично матни, но на нив дефинитивно може да се види голем дисплеј со Apple лого во задниот дел. Секако, нив земете ги со голема задршка, но факт е дека веќе подолго време има информации и најави за влезот на Apple на пазарот на телевизори.

Самиот Apple телевизор инаку најверојатно ќе има ист софтвер како Apple TV, а ќе има вградено и камера во предниот дел која ќе овозможи дополнителни функционалности.

Останатите информации за овој телевизор не ни се познати, освен тоа што можеме да го видиме на фотографиите и што најавува супер квалитетен дисплеј со алуминиумска изработка.

Исто така, самото тоа што дисплејот ќе биде OLED, најавува дека Apple најверојатно ќе соработува со надворешен партнер за производство на панелите и тоа најверојатно ќе биде LG, кој во моментов произведува најголема серија на големи OLED панели на телевизори, а веќе има и соработка за производство на 5K монитори за Apple компјутерите.

Извор: T3, BGR, The Next Web

Претходна статијаПовеќе спорт со neoTV – Спортклуб 4, Спортклуб 5 и Спортклуб 6
Следна статијаAsus ја освежи ZenFone фамилијата со 5 нови смартфони