AMD ја претстави наредната генерација на графички картички кои треба да им конкурираат на најновите од Nvidia

AMD Radeon VII е новата со 7nm архитектура графичка картичка која ќе треба да им конкурира на новите графички од RTX серијата на Nvidia

AMD, компанијата која одлично се врати на пазарот на процесори и ја донесе потребната конкуренција на Intel, сега се врти и кон пазарот на графички картички. Оваа компанија е присутна на овој пазар веќе одамна, но сепак, кога се работи за најдобрите картички, секогаш прво ни текнува на Nvidia.

Тоа посебно е случајот со најновата серија на Nvidia, RTX составена од три графички картички, а истите добија и свои лаптоп верзии за време на CES 2019 оваа недела. Оваа серија од Nvidia овозможува досега невидено ниво на реалност на сликата кај игрите со новата ray tracing технологија помогната со вештачка интелигенција.

Исто така на CES 2019, AMD ја претстави својата нова генерација на графички картички, за првпат на пазарот, направена во 7nm технологија. Наречена Radeon VII, ова е серијата која треба досега најсериозно да понуди конкуренција над Nvidia и тоа конкретно на најновата RTX серија.

AMD Radeon VII се направени на втората генерација од познатата AMD Vega архитектура со што треба да се овозможи, според AMD, 2 пати повеќе меморија, 2,1 пати повеќе брзина на меморија, 29% поголеми перформанси, како и до 36% поголеми перформанси при креирање на содржина, во споредба со претходната генерација.

Оваа графичка картичка треба да овозможи играње на игрите наместени во најсилните прилагодувања, овозможувајќи високи фрејм стапки на највисока резолуција – истакнуваат од AMD.

Новата графичка од AMD ќе стане достапна од почетокот на идниот месец и се очекува цена од околу 700 долари, барем во САД.

Повеќе детали и информации околу новата графичка можете да прочитате од AMD на следниот линк.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаСпиеш премалку и време е да сториш нешто во врска со тоа
Следна статијаWindows 10 ќе резервира до 7 GB простор на компјутерите за инсталирање на надградби без проблем, како и нормална работа на апликации и сервиси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.