fire-hd-8_colors-100615161-large

Гигантот за онлајн продажба, штотуку лансираше шест нови уреди во својата хардверска гама, сите со акцент на ниската цена, меѓу кои и еден од најевтините таблети воопшто, Fire, кој чини 50 долари.

За тие пари се добива 7 инчен екран со 1024х600 резолуција (како таблетите од пред неколку години) и процесор со четири јадра на 1.3 Ghz, помогнат од 1 GB рам меморија. Во внатрешноста има и 8 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка. И најинтересното од се е што овој таблет се нуди и во “6Pack” опција, каде за 5 купени, добивате еден гратис.

fire-six-pack-590x330

На него му се придружува Fire Kids Edition, кој како што најавува името е наменет за децата и доаѓа со посебна гаранција, која дозволува вашето дете еднаш да го скрши таблетот и потоа тој ќе биде заменет со нов. Секако, Amazon тука има вградено поголема заштита од удари, што значи дека се прилично сигурни дека овој таблет ќе ги издржи сите тортури. Овој таблет чини 150 долари.

fire-kids-edition_front-100615168-large

Покрај овие „специјални“ таблети, Amazon претстави и два нови модели од средната класа, HD8 со екран од осум инчи и HD10 со екран од 10 инчи. И двата модели имаат послаба резолуција на екраните од своите претходници и тоа само 1280х800 пиксели, процесор со четири јадра на 1.5 Ghz и слот за micro SD картичка. Цената на овие модели изнесува 150, односно 230 долари, што е коректно со оглед на послабите перформанси.

fire-hd-8a-590x330

На крај, Amazon претстави и два нови Fire TV уреди, едниот TV стик со процесор со две јадра и 1 GB рам меморија, додека другиот со процесор со четири јадра и 2 GB рам меморија. Преку помоќниот TV придружник, Amazon најави дека ќе може да се гледа содржина во 4K резолуција преку Amazon Prime. Исто така, на уредот ќе може да се приклучи и надворешен џојстик, со кој ќе може да се играат некои полесни игри.

fire-tv-gaming1-590x330

Сите нови уреди на Amazon ќе имаат вграден FireOS 5 оперативен систем, кој е верзија на Android со сервисите на Amazon.

Извор: Geek, PC World

Претходна статијаiOS 9 инсталиран од страна на 12% од корисниците за само 24 часа
Следна статијаGoogle Glass проектот е се уште жив, сега се вика Project Aura