vr-edtech-930x589

Наскоро училиштата ќе изгледаат многу поразлично – наместо пишување на зелена табла или пак гледање на слики на проектор, учениците ќе користат уреди за гледање виртуелна реалност. Според истражувањата, ова може драматично да го подобри учењето, односно визуелно да им го претстави на учениците тоа што го учат. Исто така, ваквиот начин на учење сигурно ќе биде и позабавен.

Овие резултати се добиени според истражување во Кина, кое е наречено „Влијанието на Виртуелната Реалност во Академските Перформанси“. Според него, виртуелната реалност е тајната за полесното учење кај децата за која учителите сонувале со години. Иако истражувањето може и да не е 100% точно, лесно е да се замисли дека оваа технологија би можела многу да помогне во изучувањето.

virtualspeech

На пример, замислете децата да учат за диносаурусите и предисториската ера. Кога ние ги изучувавме, ги гледавме на фотографии или во поново време на слајдови проектирани на ѕидот. Можеби и во некое видео. Со виртуелната реалност, ученикот ќе може буквално да биде опкружен со предисториската ера, односно во специјално направена виртуелна анимација. Најразлични виртуелни анимации можат да се употребат и за многу други предмети.

На другата страна од Земјината Топка, поточно во Даблин, нов стартап наречен Immersive VR Education веќе работи на платформа која е наменета токму за изучување во виртуелната реалност. Платформата се вика Engage и истата е бесплатна. Оваа алатка може да се користи за правење презентации, за средби и состаноци или пак колаборација на најразлични проекти во реално време.

За овие технологии да пристигнат во училиштата веројатно ќе треба да почекаме уште неколку години, но технологијата е веќе достапна и функционира. Сега само треба да почекаме на намалување на цената на уредите – виртуелната реалност и натаму е скапа технологија, особено за образовните установи.

Извор: Venture Beat, Inverse

Претходна статијаСо Microsoft Home Hub ќе може да ги управувате сите паметни уреди во домот преку Cortana
Следна статијаПрес конференција на Фондот за иновации и технолошки развој за добитниците на грантови