Во најновиот неделен билтен Марк Гурман пишува на неколку теми, како на пример веќе неколку пати најавуваниот посериозен влез на Apple на пазарот на паметни домови со нови паметни екрани

Друга тема која беше дел од овој билтен е објавата на видеа од MacBook Pro со M4, кои се’ уште не се претставени во нешто што скоро воопшто не се случува кога се во прашање Apple. 

Видеата се од Русија, а сите објавени карактеристики се во рамките на очекувањата, па единствената работа која остави сомнеж за дали се вистински уредите е сликата која се користи како позадина и се менува со секоја нова генерација, а во овој случај беше истата. 

Гурман тврди дека тој верува дека сепак овие видеа се вистински, односно се работи за лаптоп компјутерите кои ги очекуваме да бидат претставени на 28 овој месец. 

Според него, Apple секогаш ги полни неколку од светските складишта со доволно количина пред претставувањето со цел да може веднаш да почне со продажба. Фактот што овој пат некој има дојдено до нив е сигурно поради кражба на нив од некој од складиштата, по што биле испратени кај руските објавувачи. 

Ќе видиме за кратко време дали ова навистина е случајот. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаApple има нова стратегија за пазарот на паметни домови и повторно ќе се обиде со неколку нови производи
Следна статијаРеволуционерните одлуки на ЦЕФТА и новиот Акционен план за Заедничкиот регионален пазар во фокусот на десеттиот Самит за Берлинскиот процес
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.