section3bg

The Dash се слушалки од типот кој што се поставуваат во вашето уво и се првите слушалки кои влегуваат во категоријата на паметни уреди. Претставени се на Kickstarter и за само неколку дена го имаат поминато потребното минимално ниво на средства за започнување на производство, односно од минималните 260.000 долари, во моментот на пишување на оваа статија собрани се повеќе од 800.000 долари и се очекува за многу кратко време да надмине милион. Има и причина за големиот интерес за овие навидум обични слушалки.

The Dash слушалките користат Bluetooth за да се поврзат со вашиот мобилен телефон и немаат кабли кои што обично сметаат. Слушањето на музика покрај од мобилниот телефон може да се прави и од вградената меморија од 4GB. Служат и како Bluetooth сет за мобилниот телефон, па можно е користење на телефонот за повици преку вградениот микрофон кој што го пренесува звукот преку внатрешноста на вашето уво.

Покрај стандардната можност за слушање на музика и поврзување со телефонот, овие паметни слушалки го следат вашиот пулс, заситеноста со кислород, потрошувачката на енергија (калории), брзината на чекорење, бројот на чекори, ритамот, како и поминатата далечина. Иако има можност да работи и независно и да ве информира преку звук, слушалките се поврзуваат со апликација на вашиот мобилен на која што можете да ги следите сите мерки што ги мерат сензорите. Контролирањето на звукот и следењето на активностите се прави преку допир на самите слушалки, кои за таа намена имаат вградено capacitive површина на допир.

bbcb9e13e55d32623f1e4db2d08b611c_large

99a71212f3784dfc7a2e1781844733e7_large

The Dash имаа интересна функција наречена транспарентен режим која што овозможува да ги слушате звуците од околината кога ги користите, корисно кога сакате да разговарате со некого или едноставно сакате да бидете свесни за околината.

Претходна статијаИднината почнува сега: Роботи кои ќе ги гледаме во 2014
Следна статијаPalette – нов начин на контролирање на софтверот на вашиот компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.