surfacebook5-1024x768

Еден од најдобрите лаптоп/таблет хибрид компјутери на пазарот стана уште подобар – Microsoft одлучи да ги подобри неговите перформанси до лансирањето на новиот Surface Book 2, кој треба да биде претставен наредната година.

Однадвор, Surface Book нема да има големи промени во однос на актуелниот модел, но ако се загледа подобро ќе се забележи дека тастатурата е малку подигната во однос на претходно, односно базата е малку „подебела“.

surfacebook6-1024x768

Причината за ова е помоќната графика, која е два до три пати побрза во однос на претходната, зависно од тоа за какви потреби се користи. Поточно се работи за Nvidia GeForce 965М графика, која е голем скок во однос на 940M на претходникот. Со новата графика доаѓа и подобрено ладење, кое ќе овозможи подолго работење на највисокиот работен такт на графичките процесори.

Освежениот модел добива и понов Core i7 процесор, но тој е од Skylake генерацијата, што значи дека Kaby Lake ќе се вградува во идната генерација на Surface преносните компјутери. Многу поважно за корисниците е тоа што во овој модел сега има 30% повеќе батерии, што е еднакво на траење на лаптопот со едно полнење од фантастични 16 часа. Импресивно.

surfacebook3-1024x768

Новиот Surface Book Core i7 и натаму ќе биде наменет за професионалците, односно оние со подлабок џеб – ќе чини 2.399 долари, што е прилично многу за еден преносен компјутер. Сепак, доколку се видат конкурентите во високата класа, станува јасно дека Surface Book е рамо до рамо во поглед на цената, иако нуди повеќе можности, како вадење на дисплејот од базата и можност за користење како таблет.

Извор: Windows Central, PC World, Wired

Претходна статијаУште само еден ден до почетокот на Стартап Викенд Скопје
Следна статијаMicrosoft најави нови, подостапни VR уреди за Windows 10