a6300-n-image-01-8a03249d5f093a0,630,0,0,0

Овој месец Sony го најави долгоочекуваниот наследник на до скоро најдобриот mirrorless фотоапарат, нашироко познатиот модел а6000. После срамежливиот настап на Sony на пазарот на mirrorless фотоапарати со NEX верзиите, развојот и пуштањето во продажба на а6000 моделот, направи вистинско цунами во индустријата за фотоапарати. Голем број на професионални фотографи беа воодушевени од концептот и квалитетот кој го понуди Sony со новата ILCE серија на фотоапарати.

Сеуште непобедениот а6000 модел и без вистинска конкуренција до денешен ден, доби и наследник. Иако се шпекулираше за претставување на модели како а6100 или а7000, со сензор од 36 мегапиксели, на крај Sony сепак се одлучи да го задржи сензорот со 24 мегапиксели и да го создаде моделот а6300.

Со новиот модел Sony не воведува значајни промени во спецификациите на истиот. Најверојатно Sony ќе се обиде да ја употреби тактиката која се покажа за успешна кога ги најави вторите верзии на full frame серијата на фотоапарати А7, А7R и А7s, кога за нецела година најави три различни варијанти секоја со свои специфики и предности.

sony_a6300_rear_lcd_out

Новиот модел a6300 доаѓа во куќиште кое има иста форма како и неговиот претходник, но за разлика од а6000, овој пат целото е изработено од магнезиумска легура со што е подобрена издржливоста на фотоапаратот. Исто така е посветено и внимание да се подобри отпорноста на вода и прашина, со што се нудат перформанси кои ги имаат само скапите професионални фотоапарати.

Компактноста која ја нудат Sony mirrorless фотоапаратите е голема предност во однос на големите и тешки DSLR фотоапарати, но оддава впечаток на непрофесионалност. Ваквата перцепцијата која ја наметнаа DSLR фотоапаратите со нивната гломазност, во иднина сметаме дека ќе се промени.

Сензорот кој ќе се користи во моделот a6300 е истиот како и кај моделот а6000, овој пат со подобрување за поефикасно собирање на светлината и полесно отчитување на истата, преку вметнување на бакарни жици во сензорот. Подобрувањата кои го истакнуваат а6300 и го ставаат на пиедесталот се можноста за снимање на 4K видео со 30fps, или 1080p видео со 120fps, како и екстремно големиот број на автофокус точки. Моделот а6300 има 425 аутофокус точки што за разлика од моделот а6000 кој има 179 аутофокус точки, овозможува подобро следење на објектите во движење.

Дополнително во прилог на супериорниот автофокус е и времето за заклучување на истиот од 0.05 секунди, со што го прави најбрз автофокус систем кој е вграден во било кој фотоапарат на пазарот. Хибридниот автофокус систем кој го имаат овие модели на Sony овозможуваат континуиран фокус на објектите при снимање на видео. Оваа карактеристика е важна во продукцијата на видео записи.

a6300 af

Предностите со кои излезе моделот а6300 на пазарот воглавно се насочени кон подобрување на видео перформансите на овој фотоапарат. Бенефитите од големиот број на автофокус точки и можноста за снимање на 4K видео би можеле да бидат искористени кога овој апарат би бил користен за професионални видео записи. Со тоа се менува и концептот на класичните фотоапарати, кој ги интегрира фотографските и видеографските потреби во еден уред креирајќи уред кој би требало да го наречеме дигитална камера.

Најавената цена од 1.000 долари би ги обесхрабрила сите оние кои би сакале да купат нешто квалитетно, со оглед на фактот дека она што се добива од продукт како а6000, кој е на половина цена од а6300, е многу блиску по квалитет на тоа што би го добиле од а6300. Да не заборавиме дека квалитетот на записот, покрај тоа што зависи од квалитетот на сензорот на дигиталната камера, зависи и од квалитетот на објективите кои се користат.

sony-a6300-8

Повеќе информации: Sony, TechRadar, Trusted Reviews

Претходна статијаПретставени првите „паметни фластери“ кои ќе помагаат во медицинските истражувања
Следна статијаНатпревар во создавање ѕвезди меѓу Германија и Кина – кој ќе победи?