1435517577_snadragon

Најмоќниот процесор во понудата на Qualcomm моментално, Snapdragon 810, не помина најдобро на пазарот и беше дури и отфрлен од некои производители. Затоа, новиот модел ќе користи целосно нов дизајн и производствен процес, кој треба да го врати гигантот на највисокото место во класата на мобилни чипови.

За разлика од актуелниот модел, кој директно ја користи ARM архитектурата за јадрата, Snapdragon 820 ќе користи подобрена, Kyro архитектура, која ќе придонесе за брзини од дури 3.0 GHz за помоќните четири јадра (процесорот веројатно ќе има 8 јадра). Секако, процесорот ќе биде 64-битен и се очекува да ја отвори вратата за вградување и над 4 GB рам во смартфоните, односно таблетите.

Интересно, процесорот треба да биде произвоедуван во погоните на Samsung, кој заедно со Intel, е единствен кој може да произведе чипови со големина на транзисторите од 14 nm. Ова ќе придонесе за оптимални перформанси и ниска потрошувачка на енергија, а исто така и за многу подобри термички перформанси. Да потсетиме, актуелниот Snapdragon 810 е „не“популарен по загревањето при користење потешки апликации или игри.

Првите примероци на Snapdragon 820 треба да се појават во модели на HTC, Sony и Xiaomi, а подоцна да се прошират во многу други модели од највисоката класа. Сепак, 820-ката веројатно нема да ја гледаме во моделите на Samsung, кој веќе има моќни чипови од свое производство.

Извор: Android Central

Претходна статијаGPS, роботи и безпилотни летала – Технологии кои ќе ги гледаме на полињата на иднината
Следна статијаЗа прв пат демонстрирано создавање зборови директно од мозочните бранови