На почетокот од овој месец Qualcomm го претстави Snapdragon 850, изменета и посилна верзија од мобилниот Snapdragon 845, специјално наменета за таканаречените Always On компјутери кои работат на Windows 10.

За потсетување, овие компјутери се нов вид на уреди од Microsoft кои се наменети да функционираат повеќе слично со мобилните, односно цело време да бидат поврзани на интернет и да ги добиваат известувањата. Направени се да работат со нешто „олеснетата“ верзија од Windows 10, па поради тоа и со чипови обично наменети за мобилните уреди.

Со оглед на тоа што сепак еден Windows 10 компјутер бара повеќе ресурси од мобилните уреди, Qualcomm реши да развие чип специјално наменет за овие уреди, кој повеќе ќе може да се спореди со послабите верзии од Intel чиповите, отколку со мобилните чипови.

Snapdragon 850 беше развиен на основа на мобилниот 845, па сега информациите говорат дека наредната генерација, односно Snapdragon 1000, ќе биде специјално развиен и ќе има карактеристики соодветни за лаптоп компјутерите.

Тоа значи дека Snapdragon 1000 ќе биде поголем чип, односно ќе зафаќа повеќе простор, ќе троши повеќе струја, а ќе има и поддршка за до 16 GB RAM меморија, како и 128 GB SSD диск.

Овој чип најверојатно ќе биде наменет за уредите од идната година, со оглед на тоа што тие со Snapdragon 850 треба да почнат да излегуваат до крајот на оваа.

Уредите од Microsoft во соработка со Qualcomm ќе видиме дали ќе го најдат својот пазар, односно дали ќе бидат добро прифатени од корисниците. Со оглед на големиот број на корисниците на Chromebook уредите од Google, може слободно да се заклучи дека пазарот за поевтини и послаби уреди наменети за мала работа и сурфање, се доста популарни.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Ars Technica
Претходна статијаEU им прогласува војна на мемињата?
Следна статијаИнтервју со Петар Лазаров, еден од основачите и авторите на Tip of the Week
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.