Со фантастичен тристран дизајн без рамка, новите екрани имаат сопствен интерфејс УСБ тип Ц, оптимизирана јасност и боја, како и поудобно корисничко искуство 

Скопје, 29. Август 2017. Компанијата Самсунг на ИФА2017 саемот ќе претстави три нови професионални екрани за современи работни места: CH89 (заоблен модел со дијагонала од 34 инчи), CH80 (заоблен модел со дијагонала од 27 инчи) и SH85 (рамен модел со дијагонала од 23,8 и 27 инчи).

Моделите CH89, CH80 и SH85 пристигнуваат со интерфејс УСБ тип Ц кој овозможува лесно поврзување како и оптимизирана остина на сликата и приказ на боја во резолуции: “Ultra WQHD“ (CH89), “Full HD“ (CH80) и “WQHD“ (SH85). Овие екрани исто така се одликуваат со тристран дизајн без рамки, додека CH89 и CH80 и понатаму го зголемуваат ефектот на отсуството на рамки со својата заоблена структура од 1800R. Новите иновативни решенија, овие компактни екрани дополнително ослободуваат простор на работните места и го намалуваат одржувањето.

Денешните професионалци не можат да си дозволат да губат време работејќи во сложени системи со повеќе екрани, или да вложуваат претерани напори да пристапат кон потребната содржина. Со својот јасен, истовремен приказ на содржина, нашите екрани CH89, CH80 и SH85 на ефикасен начин овозможуваат доволно простор за прегледување повеќе документи, без пречки.“ – изјави Сеог-ги Ким (Seog-gi Kim), Извршен Потпредседател на Дивизија за Екрани во компанијата Самсунг.

Едноставно поврзување

Екраните CH89, CH80 и SH85 им овозможуваат на професионалните корисници да пристапат, да ги вчитаат, прегледаат и поделат содржините брзо и ефикасно. Овие модели имаат свој интерфејс УСБ тип Ц, што овозможува пренос на податоци, ДП (Display Port) сигнал и струја преку поврзување со само еден кабел. Покрај тоа што се намалува бројот на кабли во работните средини, овој интерфејс УСБ тип Ц обезбедува компатибилност со лап-топи, таблети и мобилни уреди со кои се обезбедува едноставна размена на содржини преку портот. Корисниците може да прегледаат документи и слики од своите помали лични екрани на големите монитори, без губење на квалитетот на визуелниот приказ.

Корисниците дополнително може да го прилагодат начинот на кој нивната содржина ќе се прикажува, со помош на Самсунг софтверот за лесно прилагодување (Easy Setting Box). Со помош на овој програм, тие може да одберат некој од предложените шаблони за приказ на содржините на дел или на целиот екран, како и да ги одберат своите омилени параметри за приказ на содржини.

За едноставна поделба на екранот, мониторите CH80 и SH85 се одликуваат со“DP Out Daisy Chain” технологија за сериско поврзување на повеќе екрани со само еден кабел помеѓу секои два уреди. Корисниците може да го прошират својот десктоп на повеќе поединечни екрани или на група екрани со само една ДП врска, со што се губи потребата од синхронизирање на секој монитор со компјутер или со друг надворешен уред.

Оптимизирана острина и приказ на боја

Најновите професионални екрани на Самсунг се дизајнирани да може документите и фотографиите да се прикажат со оптимална јасност и приказ на боја, засилувајќи ги ситните, односно скриените, визуелни детали. “Ultra WQHD“ резолуцијата на моделот CH89 (3.440×1.440) овозможува остар приказ со скоро 2,5 пати поголема густина на пикселите за разлика од FHD, со кој се добива пошиток и пошарен простор за работа. Моделот SH85 со помош на својата “WQHD“ резолуција (2.560 x 1.440) која овозможува детални фотографии со густина на пикселите која е речиси 1,8 пати поголема од онаа на стандардните FHD екрани.

Поудобно корисничко искуство 

Прилагодливите екрани на Самсунг – CH89, CH80 и SH85 се основа за удобен, ергономски уреден работен простор. Секој од трите екрани е опремен со постолје кое може да се прилагоди по висина, како и може да се накоси во правец лево-десно и горе-доле, со што се овозможува на корисниците да го прилагодат екранот на идеална раздалеченост и положба. Овие модели исто така се одликуваат со функција која спречува треперење и функција за заштита на очите, со чија помош се неутрализираат визуелните ефекти кои би довеле до напрегање на очите во текот на долготрајната употреба.

Поголем простор за работа 

Покрај овие модели, Самсунг на саемот ИФА2017 ќе го изложи и моделот CHG90, HDR (High Dynamic Range, висок динамички опсег) QLED екран со дијагонала од 49 инчи. Моделот CHG90 го зголемува работниот простор нудејќи и панорамски приказ на нацртите, дијаграмите и графиката на еден екран. Заедно со сликите со HDR QLED квалитет, димензиите на CHG90 овозможуваат прикажување на широк спектар на содржини со истовремено зачувување на реалната презентација на содржината во живи бои.

Покрај технологијата за оптимизација Easy Setting Box, функцијата слика-по-слика (Picture-by-Picture) на моделот CHG90 им овозможува на корисниците да се поврзат и да ја прикажат содржината без намалување на оригиналниот квалитет на сликата. Широкиот спектар на можности за поврзување на моделот CHG90, вклучувајќи ги DP, Mini-DP, HDMI и USB портовите, исто така овозможува споделување на содржините со надворешни лични уреди.

Сите модели екрани ќе бидат достапни во нашиот регион од Септември оваа година.

Претходна статијаiPhone 8 ќе чини 999 долари, но тоа нема да им смета на фановите?
Следна статијаChrome ќе ги „замолкне“ иритантните, бучни сајтови