se370_mg_4903-100598412-large

Безжичното полнење се повеќе и повеќе ќе навлегува во нашите животи, почнувајќи од паметните телефони, па се до електричните автомобили. Најнов ваков уред, кој ќе може да го полни вашиот телефон преку Qi стандардот, е новиот Full HD монитор на Samsung, SE370.

Мониторот ќе доаѓа во две варијанти, со големина од 23,6 и 27 инчи. Резолуцијата и кај двата модели е 1920х1080 пиксели, што значи дека не нуди ништо возбудливо во тој дел. Сепак, панелот е PLS со FreeSync технологијата на AMD, која овозможува кристална слика дури и при најбрзо движење на сликата.

Самиот дисплеј има одговор од 4 ms, што е добра вест за гејмерите, а нуди и агол на гледање од 178 степени, како и максимална светлина од 300 nits. Мониторот се приклучува преку HDMI 1.4 излез, а секако е компатибилен со Windows и Mac (сертифицирано), како и Linux варијантите.

samsung-se370-1

Сепак, да се вратиме на она кое го прави овој монитор единствен, а тоа е безжичното полнење на телефоните. Имено, на држачот за мониторот, вграден е дел каде можете да го оставите телефонот и тој ќе почне автоматски да се полни.

Нормално, самиот телефон треба да го поддржува ова, а Samsung секако ќе ви понуди некој модел од нивната гама, како на пример новиот Galaxy S6 и S6 Edge. Безжично полнење денес имаат и многу други телефони од високата класа, произведени од LG, Nokia, Microsoft, Sony, Huawei и HTC.

Извор: Windows Central, PC World

Претходна статијаLava Pixel V1 е најубавиот Android One телефон досега
Следна статијаLG претстави Android телефон на преклопување!