SE790C_006_DynamicMain_Black1-890x543

Заоблените екрани се’ уште не може да се каже дека се масовно користени од страна на корисниците, меѓутоа тие полека добиваат на популарност. Веќе се достапни повеќе модели од телевизори, а корисниците можат да купат и монитори со заоблен екран.

Samsung оваа недела го претстави SE790C, нов модел од монитор кој што доаѓа со заоблен екран. Сепак, заобленоста на екранот не е единствениот негов адут. Тој исто така вклучува и WQHD резолуција со 3440 x 1440 пиксели и како и таканаречена ултра ширина со 21:9 формат. Големината на екранот изнесува 34 инчи, што покажува дека сепак не е наменет за обичниот домашен корисник кој што во главно сурфа на интернет.

Од компанијата истакнуваат дека мониторот овозможува навистина посебно корисничко искуство овозможено од точно одредената заобленост. Истата е наречена 3000R и вклучува заобленост со радиус од 3.000 милиметри кој што овозможува скоро иста оддалеченост на центарот на екранот и останатите делови до очите на корисникот. Тоа овозможува гледање на сликата без никаква нејзина дисторзија и прикажување на уште поприродни и истакнати бои. Исто така, заобленоста е направена да најдобро се прилагоди на поставеноста на очите со што се постигнува помало нивно оптеретување и зголемена удобност.

Мониторот исто така доаѓа и со Picture-by-Picture (PbP) и Picture-in-Picture (PiP) кои што овозможуваат подобро работење на повеќе работи одеднаш, односно мултитаскинг. Picture-by-Picture овозможува поврзување на дополнителен уред, како на пример таблет или лаптоп компјутер и гледање на сликата од него до сликата од главниот уред.

Извор: Samsung

Претходна статијаFacebook сака да биде и место за видео содржина, го подобрува овој дел од Pages
Следна статијаНајнова студија потврдува тоа што го знаевме – уредите со активен екран негативно влијаат на сонот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.