Минатата година Microsoft започна партнерство со Qualcomm кое резултираше со новата категорија на компјутери наречена Always On, Always Connected PCs, односно Секогаш вклучени, Секогаш поврзани компјутери.

Што точно значи ова, односно за каков вид на компјутери се работи ? Во основа, се работи за компјутери кои работат на Windows 10, меѓутоа наместо на стандардните Intel процесори, тие работат на мобилните ARM процесори, како тие што ги прави Qualcomm.

Она што се добива со ова е Windows компјутер којшто троши многу помалку енергија и може да издржи на едно полнење и до еден ден, како и повеќе, зависно од начинот на користење. Секогаш вклучени, Секогаш поврзани ознаката значи дека овие компјутери се однесуваат повеќе како мобилните телефони, отколку класичните компјутери. Тоа значи дека овие компјутери се поврзани на интернет и кога ќе бидат ставени во Sleep или Stand By режим, а со тоа останува и пристапот до известувањата кои се добиваат во позадина. Вклучувањето на екранот, односно продолжувањето на работата на оперативниот систем е инстантна, како што е случајот со мобилните телефони.

Првата генерација на вакви компјутери беше претставена при крајот на минатата година, во соработка со HP и Asus, а тие работеа на ланскиот Snapdragon 835, којшто исто така се користеше и на мобилните телефони.

Оваа година, Qualcomm најавува нова генерација од нивниот Snapdragon чипсет, специјално наменет за овие компјутери, а ја најави и новата соработка со Samsung кои треба да претстават ваков уред.

Snapdragon 850 е во основа Snapdragon 845 со одредени промени и надоградби, наменет е да се користи само за компјутерите, а споредбата во главно се прави со ланскиот 835.

Од Qualcomm истакнуваат дека Snapdragon 850 има 30% поголеми перформанси од ланскиот модел, до 3 пати подобрени перформанси на делот за вештачка интелигенција, како и можност за траење на батеријата на уредот до 25 часа.

Овој чип исто така има подобрен LTE чип којшто поддржува брзини до 1,2 Gbps со новиот Snapdragon X20 LTE модем.

Повеќе информации за новиот Snapdragon 850 чипсет можете да прочитате на официјалната страна на Qualcomm на овој линк.

ИЗВОР 2VB
Претходна статијаAsus Project Precog е лаптоп со два екрани и вештачка интелигенција
Следна статијаInstagram планира да влезе на пазарот за подолга видео содржина и да стане можна конкуренција на YouTube
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.