snapdragon-processors-810 copy

Најголемиот производител на процесори за паметните телефони, последниве неколку месеци има голем пад на продажбата и се тоа поради новиот Snapdragon 810, кој според сите информации кои ги имавме досега, прегрева и ги губи перформансите поради тоа, правејќи многу смартфони од високата класа да почнат да сецкаат и кочат.

Од Qualcomm конечно се јавија со официјален став и тоа од Tim McDonough, главен во маркетинг дивизијата, кој посочи дека информацијата дека нивниот најдобар процесор прегрева е неточна и дека се тоа само гласини пуштени од конкурентите. Според него, нивниот процесор работи без никакви проблеми дури и кога ќе се побараат максимум перформанси од него.

Првите информации дека процесорот на Qualcomm прегрева дојдоа со лансирањето на LG G Flex 2, за кој на многу видеа видовме и дека дури го успорува и работењето во самиот оперативен ситем, што не смее да се случи кај телефон од високата класа. Истите гласини велат дека LG затоа и се одлучил на Snapdragon 808 во G4. Tim McDonough имаше одговор и на ова и рече дека одлуката да се користи моделот 808, LG ја донел уште пред 18 месеци, кога почнал развојот на телефонот, бидејќи одлучиле дека нема да има потреба од 4K графика.

Инаку, главната разлика меѓу 810 и 808 е посилната графика кај првиот модел и тоа што има две јадра повеќе, кои реално ретко се искористуваат при работењето со стандардните апликации и затоа во секојдневното користење, G4 не заостанува зад најсилните процесори на пазарот.

Сепак, сето ова „правдање“ на Qualcomm не може да објасни зошто Samsung се одлучи да го користи исклучиво својот Exynos 7420 процесор во Galaxy S6 и S6 Edge, одлука која драматично го намали профитот на Qualcomm оваа година. Гласините за прегревањето на Snapdragon 810 не го повредија само Qualcomm, туку и HTC, кој поради истите гласини има проблеми со продажбата на новиот HTC One M9.

За оние што сакаат да купат телефон од високата класа, препорачуваме да ги прочитаат и изгледаат сите рецензии на телефоните и сами да проценат дали процесорот на Qualcomm ќе ги задоволи нивните барања.

Извор: Droid-Life

Претходна статијаПрвата македонска апликација за повикување на такси, CLAXI отсега и во Велес
Следна статијаОтворен конкурс на компанијата „Еуролинк осигурување“: 3000 евра за авторот на најдобрата демо мобилна апликација