Qualcomm, познатиот производител на чипсет компоненти за мобилните уреди, претстави три нови чипсети кои ќе се користат во популарните уреди од средната и од средно високата класа.

Овие чипсети од Qualcomm веќе неколку генерации донесуваат одлични перформанси кои ги направија популарни уредите кои веќе не мора да бидат од највисоката класа. Најновата генерација ги подобрува перформансите, заштедата на енергија, како и донесува нови и подобрени AI функции, додека една верзија е специјално засилена за игри.

Сите нови чипсети овозможуваат до два пати побрзо процесирање на функциите од страна на вештачката интелигенција во споредба со нивните претходници. За тоа е задолжен Hexagon 686 DSP AI процесорот којшто е достапен во трите модели.

Овој процесор овозможува подобра проценка на сцената од страна на камерата, подобри безбедносни функции, игри и слично.

Snapdragon 665 вклучува осум јадрен Kryo 260 процесор којшто може да работи на фреквенција до 2.0 GHz. За графиката е задолжен Adreno 610 графичкиот процесор, а достапни се и Quick Charge 4+, Spectra 165 ISP, како и X12 LTE модемот.

Snapdragon 730 е наредната генерација од 710 која донесува технологија досега достапна само во 8 серија на чипсети. Работи на осум јадрениот Kryo 470 процесор којшто може да работи на фреквенција до 2.2 GHz. За графиката е задолжен графичкиот процесор Adreno 618.

Посебно внимание привлекува засилената верзија од 730-ката, специјално засилена за игри. Snapdragon 730G доаѓа со 15% подобрени графички можности со засилениот Adreno 618 графички процесор.

Овој чипсет е направен во соработка со повеќе познати студија кои изработуваат игри, со цел процесорот да функционира што може подобро.


ИЗВОРQualcomm
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаСтотици млади девојчиња беа охрабрени да станат дел од СТЕМ светот преку DigiGirlz караванот
Следна статијаSamsung претставува ново Galaxy A семејство за новите генерации корисници на „смартфони“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.