Concept-bonnet-700

Land Rover претстави концепт за провидна хауба со кој што треба да им овозможи на возачите многу подобра прегледност на предниот дел од автомобилот, односно под и веднаш пред хаубата. Оваа провидност ќе биде постигната преку камери поставени на маската на предниот дел од автомобилот. Видеото од камерите ќе се пренесува на екран кој што е дел од ветробранското стакло, кој што ќе биде наменет за прикажување и на други информации за време на возењето. Како што можете да видите од видеото на крајот од статијата, камерите може да се вклучат по потреба и на возачот му два поглед на предниот дел, исто како да ја нема хаубата, моторот и останатите делови.

Овој дел од автомобилот е прилично непрегледен, па во одредени ситуации би било навистина корисно кога возачот би можел некако да види што се случува таму. Па така, овој систем би можел многу да се најде во ситуации како качување на стрмен наклон, возење во тесни простори, во градска гужва. Она што дополнително му дава вредност на овој систем, односно го прави корисен за возењето на терен е можноста за гледање на поставеноста на тркалата, што може да овозможи носење на подбори одлуки при возење во тие ситуации.

Претходна статијаИнтернет пристап во патничките авиони со брзина до 70 Mbps
Следна статијаПознатиот сервис Livestream претстави апликација за Google Glass
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.