IMG_0018-1

(Скопје, 07.11.2014) – Најновиот одек на технологијата од лабораторијата на Philips, ултра тенките телевизори, Philips Android 4K, од денес, 7-ми ноември ќе можат да се набават на 24 рати, без камата, како резултат на заедничката соработка помеѓу Техномаркет и Стопанска Банка.

Континуирано ги следиме најсовремените технолошки иновации и ги пласираме во нашите продажни салони, со цел да можеме да ги задоволиме потребите и барањата на македонскиот потрошувач за последните и современи решенија од областа на модерната технологија. Можноста што ја нудиме во соработка со Стопанска Банка, е навистина големо олеснување и единствена шанса да се набави еден од Philips Android 4K телевизорите“, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет.

IMG_0019-1

Карактеристиките и перформансите на револуционерните Android модели на Philips телевизорите, 49PUS7909 и 55PUS7909, беа свечено презентирани во присуство на многу клиенти на Стопанска Банка и Техномаркет. Стручни лица од претставништвото на компанијата Philips од Македонија и обучени тренери од Техномаркет говореа за можностите и предностите на Philips Android ултра тенките 4К телевизори.

Од компаниите и од банката веруваат дека преку поволната можност за купување на овие телевизори на 24 рати без камата, што ќе важи од 7ми ноември до 7ми декември, 2014 година, корисниците ќе добијат исклучително искуство и доживување гледајќи ги своите омилени програми во едно поинакво светло и сосема поразлична димензија користејќи ја андроид платформата.

Претходна статијаВикипедија и „спонтаниот поредок“
Следна статијаGoPro камера зачудувачки преживува и снима при лош старт на ракета