panasonic-transparent

Јапонците го возвраќаат ударот на Корејците – еден од најголемите производители на телевизори и големи дисплеи во светот, Panasonic, претстави свој транспарентен дисплеј, кој ќе биде трн во окото на конкурентите од Јужна Кореја – Samsung и LG.

Иако OLED технологијата која ја има Panasonic е слична на онаа на конкуренцијата, во нивната презентација беше импресивен начинот на кој го претставија дисплејот. Така, тој беше ставен како стакло на еден шкаф! На ова никогаш не би ни текнало, нели? Идејата е кога не се користи дисплејот да се гледа позадината – како на пример украсите или колекцијата на вино.

Сега стигнуваме до вториот адут во ракавот на овој Panasonic – кога сакате да гледате нешто на дисплејот, тој може целосно да се зацрни и искуството да биде исто како кај нормален OLED дисплеј – секако не би сакале да ви пречи нешто во позадината додека ја гледате омилената серија, нели?

Дисплејот има и можност да зацрни дел од дисплејот, а другиот дел да остане транспарентен – на пример на него да има музички плеер, а во другиот дел да се гледа позадината. Перфектно за да им ја покажете колекцијата вина на вашите гости! Исто така, тој може да се поместува на различни места од шкафот.

Покрај тоа, дисплејот на Panasonic ќе може да се управува и со мафтање со рацете. На пример, со поместување на раката во воздухот од лево кон десно, можете да „скролате“ по фотографии или видеа.

Panasonic очекува ваквиот дисплеј да биде достапен на пазарот за 2-5 години.

Извор: Mashable, Engadget, Ubergizmo

Претходна статијаFacebook го има тестирано трпението на корисниците со „расипување“ на нивната апликација
Следна статијаOrigin PC – Уште еден моќен гејмерски „се во едно“ компјутер