omni-left copy

До претходната година немаше скоро ниту еден ваков уред на пазарот, а на CES веќе е претставен и вториот гејмерски „се во едно“ компјутер, после оној на Maingear, за кој веќе пишувавме претходно.

Новиот Origin PC Omni, исто како и неговиот главен конкурент, има 34 инчен дисплеј, со иста резолуција од 3440х1440 пиксели и блага закривеност на екранот, која има за цел подобро да го внесе играчот во целото виртуелно опкружување.

Моделот што беше претставен на CES 2016 имаше исклучително моќни компоненти. За процесор е избран Core i7 5960X со осум јадра, 20 MB кеш меморија и работен такт од 3,5 Ghz, кој во моментов е еден од најдобрите што воопшто можат да се вградат во еден десктоп компјутер. Origin PC спомнува и Intel XEON E5-2699 v3 процесор, кој ќе биде веројатно подобар за работење со потешки апликации отколку за гејминг.

omni-main copy

Како што одговара на ваков процесор, помогнат е од GeForce GTX Titan X графика, со 12 GB рам меморија, која не само што без проблем ќе ги вози сите игри на резолуцијата на дисплејот, туку може добро да послужи и како графичка за работа со графика или видео, а за оние на кои ќе им треба компјутерот пред се за работа, ќе биде понудена и Nvidia Quadro графика. И на крај, се е заокружено со 32 GB DDR 4 рам меморија – доволно и за најтешките игри.

Секако, Origin PC ќе понуди многу различни конфигурации – оваа за која пишувавме погоре сигурно ќе чини неколку илјади евра, бидејќи тоа го налагаат самите компоненти. Иако нема информации, за очекување е почетниот компјутер да почнува со Core i3 или Core i5 процесор и некоја графичка од средната класа на Nvidia или AMD.

Но, перформансите на страна, Omni има и многу други адути во ракавот – и покрај тоа што има цела десктоп машина позади, прилично е тенок, а ќе има и модел со проѕирен капак, преку кој ќе може да се видат моќните компоненти.

omni-back-internal

Цената на Origin PC Omni се уште не е позната, но со сигурност ќе биде конкурентна на онаа на Maingear Alpha 34.

Покрај моќниот „се во едно“ Omni, Origin PC претстави и освежена верзија на минијатурниот десктоп гејмерски компјутер Chronos, со Titan Z графичка карта, која е всушност два графички Titan Black процесори ставени заедно.

250D copy

Извор: Engadget, PCWorld, Origin PC

Претходна статијаPanasonic претстави транспарентен дисплеј на CES
Следна статијаLG Gram 15 е најлесниот 15 инчен лаптоп на планетата