Неофицијалните информации беа потврдени од страна на компанијата, па сега OnePlus и официјално ја претстави својата прва тастатура за компјутерите. Со ова од компанијата влегуваат на нов пазар, па ќе видиме како ќе се погоди овој правец OnePlus. Тастатурата беше претставена на посебен настан во текот на вчерашниот ден кога беше претставе уште еден прв производ за компанијата, OnePlus Pad таблет компјутерот.

Името на тастатурата е OnePlus Keyboard 81 Pro, односно OnePlus Featuring Keyboard 81 Pro. Истата е направена во соработка со познатата компанија Keychron, па доколку ги следите производите од нив, оваа нова тастатура нема да биде нешто посебно ново за вас.

Сличностите сепак не треба да се гледаат како нешто негативно, а OnePlus има додадено одредени свои ознаки, како што е црвеното „ESC“ копче со логото од компанијата, а тука се и црвениот кабел и посебното копче на десната страна од тастатурата.

OnePlus Keyboard 81 Pro, бројката ја добива врз основа на бројот на копчиња на тастатурата, а истата може да се нарече „мини“ верзија, односно не доаѓа со посебен дел само за бројките од страна.

Се работи за механичка тастатура, кои изминатиот период имаат повторно голема популарност, со можност за замена на копчињата, меѓутоа не како некои од конкурентите со познати брендови за таа намена, туку со копчиња од OnePlus.

Како избор за измена на стилот на копчињата, достапни се „tactile“ и „linear“, но го нема и изборот на копчиња кои „кликаат“ при притискањето. Копчињата исто така може да бидат програмирани за различни функции на ниво на „firmware“ со неколку апликации со отворен код.

Тастатурата, која е изработена од алуминуим, ќе дојде со поддршка за двата поголеми оперативни системи, односно посебно за Windows и macOS. Двојната „заптивка“ на тастатурата, која служи како еден вид на изолација помеѓу копчињата и металните делови, треба да овозможи доста „мека“ работа.

Се’ уште не е пуштена официјалната цена на тастатурата, па за тоа ќе почекаме до нејзината продажба подоцна во пролет.  

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаMicrosoft ја претстави новата верзија од Bing помогната од вештачка интелигенција
Следна статијаSamsung Galaxy S23 Ultra – перформанси кои нема да ве остават рамнодушни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.