oneboard-pro-plus-590x330

Зошто да носите цел лаптоп со себе кога можете да ја носите само тастатурата? Можеби идејата на OneBoard Pro+ на Acooo не е баш да биде пренослива и да го замени лаптопот, бидејќи нема вграден дисплеј, но затоа има целосен компјутер внатре кој ќе вози Android оперативен систем и кој може да се прикаже на секој дисплеј. Во превод, би била одлична за користење на некој паметен телевизор!

Внатрешноста на тастатурата е опремена со Rockchip RK3288 (кинески производител) процесор со брзина од 1,8 Ghz, 2 Gb рам меморија и 16 Gb простор за складирање податоци. Нормално, има и слот за мемориска картичка, USB влез, Wi-Fi антена, како и Bluetooth 4.0 за поврзување на маус, или пак со некој друг уред за префрлање податоци. Според тоа, перформансите веројатно нема да бидат ништо особено, но ќе бидат доволни за просечниот корисник на Android.

oneboard-pro

Она што ја издвојува OneBoard Pro+ тастатурата се механичките копчиња и тоа популарните Cherry MX, кои овозможуваат највисок квалитет на пишување и често ги користат гејмерите, односно сите корисници кои сакаат добар фидбек од својата тастатура. Acooo има вградено и позадинско осветлување во повеќе бои, кои ќе можат да се менуваат по избор на корисникот. Осветлен е и излезот за слушалки, како полесно би го нашле во темница. Фино.

Acooo OneBoard Pro+ ќе може да се приклучи и на обичен компјутер и да се користи само тастатурата, но, дали е некој подготвен за издвои 299 долари за тоа? Многу високо, особено ако се знае дека за 100 долари може да се купи солидна механичка тастатура и за уште толку, моќен Android HDMI стик. Цели 100 долари поевтино. Но, кој сака целосен пакет, OneBoard Pro+ е единственото решение!

Извор: Geek

Претходна статијаKickstarter проект од Neeo за футуристичен универзален далечински управувач
Следна статијаДостапни првите тест верзии од Office за Windows 10 прилагодени за екраните на допир