На SIGGRAPH конференцијата која се одржува оваа недела, основачот и директорот на Nvidia, ја претстави нивната нова генерација на графичка архитектура наречена Turing. Оваа архитектура прво ќе ја покаже својата моќ и способности во графичките картички наменети за професионалците, меѓутоа тоа само покажува што може да очекуваат и обичните корисници и нивните игри.

Главните карактеристики на Turing архитектурата се RT Core и AI, односно вештачката интелигенција. RT Core јадрото е наменето за таканаречената ray tracing технологија која овозможува скоро реални сцени преку следење на светлината низ пикселите.

Првите графички картички кои се направени на основа на Turing архитектурата се Quadro RTX 8000, Quadro RTX 6000 and Quadro RTX 5000. Овие картички се наменети за професионалците, односно за работа со видео содржина, видео игри и слично.

Намената на овие картички може да е види и по нивната цена која изнесува 10.000 долари за најсилниот модел, односно за Quadro RTC 8000. Оваа картичка доаѓа со новата GDDR6 меморија од Samsung, а има 48GB од неа, како и 4.608 CUDA јадра и 576 Tensor јадра.

Овие графички картички ја најавуваат и иднината на GeForce картичките наменети за обичните корисници, односно во главно за гејмерите.

ИЗВОРNvidia
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаРСБСП со совети: Тргнете безбедно и подготвено на семејно патување
Следна статијаЕлон Маск излезе со информација дека навистина има обезбедено средства за приватизирање на Tesla
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.