Qi е еден од неколкуте стандарди за безжично полнење на уредите. Можеби најмногу популарност доби преку Lumia телефоните кои што беа меѓу првите кои што почнаа да вклучуваат можност за безжично полнење. Безжичното полнење работи преку индукција, односно преку креирање на електромагнетно поле преку кое што се пренесува енергија помеѓу два уреди. Досегашната верзија од Qi стандардот овозможуваше полнење на уреи кои што се најмногу на 7mm оддалеченост помеѓу себе, поради што уредот кој што се полни мора да биде поставен врз полначот, па можеби и не се добива голема предност во однос на полнењето со кабел.
Наредната верзија од Qi стандардот, односно 1,2 ќе вклучува и полнење преку магнетна резонанца со што ќе се овозможи зголемување на оддалеченоста на полначот и уредот кој што се полни. Сепак кога збориме зголемување на оддалеченоста, се’ уште не мислиме на полнач кој што можете да го поставите во вашата соба и уредот да може да се полни на било која локација во неа. Зголемувањето на оддалеченоста е до 45mm, со што се овозможува вградување на безжичните полначи на нови места во кои што до сега не беше можно. Па така, полначи ќе може да биде вградени во работната маса или во друг мебел со што ќе се отвори можноста за полнење на уредите на нови места.
Новата верзија од Qi стандардот ќе биде компатибилна со постарите верзии, па така доколку веќе поседувате уред кој што може да биде безжично полнет, тој ќе работи и со новите полначи. Друга новина во новата верзија од Qi е и можноста за полнење на повеќе уреди со еден полнач.
Извор: Engadget