Полека се ближи крајот на поддршката која ја добива Windows 10, иако истата веќе со години вклучува во главно безбедносни надградби и исправки на грешки. До крајот на Windows 10 остануваат уште околу 10 месеци, односно официјалниот крај на поддршката ќе биде на 14 октомври оваа година.
По оваа дата користењето на системот ќе се смета за не баш безбедно, но сепак се очекува дека огромен број на корисници ќе продолжат да го користат. Тие што би сакале да добиваат официјална поддршка ќе можат да платат за истото, а за првпат тоа им е овозможено и на приватните корисници кои ќе можат да платат 30 долари за уште една година.
Microsoft сепак верува дека поголемиот број од корисниците ќе се префрлат на Windows 11, а тоа ќе го направат со купување на нов компјутер. Вака од компанијата ја започнуваат новата година, како и CES 2025 настанот за технологија и преку блог објава тие ја нарекуваат 2025 „годината на освежување на Windows 11 компјутерите“.
Според нив, односно пренесувајќи ги проценките од IDC, 80% од бизнис корисниците планираат да ги освежат своите компјутери до крајот на годината, додека на страната на приватните корисници 70% од корисниците тоа ќе го направат во наредните две години.
Доколку ова се покаже како точно, Windows 11 ќе стане главниот оперативен систем на пазарот со најголем број на корисници.
Во објавата Microsoft ги истакнува предностите на Windows 11, а посебно ги истакнува новите функции со вештачка интелигенција и новата Copilot+ категорија на компјутери.
Оваа година конечно посериозно ќе се приклучат и Intel и AMD на понудата која започна со Qualcomm чиповите, па корисниците ќе имаат доста голем избор на компјутери кои се направени во стилот на MacBook од Apple.