Фото: Microsoft

Microsoft ги освежи двата лански Copilot+ компјутери со кои ја започна оваа серија на компјутери кои доаѓаат со ARM чип и вештачка интелигенција. Овие уреди беа познати и по тоа што Windows 11 конечно почна да работи на ARM, односно на уреди кои се добра конкуренција на MacBook од Apple. 

Од компанијата ги претставија Surface Pro и Surface Laptop кои оваа година се освежени со мали промени во изгледот, како и мало намалување на големината на екраните. 

Surface Pro сега доаѓа со 12 инчен екран, додека Surface Laptop со 13 инчен. Двата уреди продолжуваат да работат на Snapdragon X Plus чипот од Qualcomm, а овој чип, во неколку негови верзии, ја донесе со години очекувана конкуренција на MacBook и М чиповите од Apple. 

Намалувањето на димензиите на овие два уреди ги прави доста конкуренти на пазарот, а посебно во конкуренција со MacBook Air, а Microsoft директно ја прави споредбата кога истакнува колку може да издржи батеријата кај овие два нови компјутери. 

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаMicrosoft најави што може да се очекува од Windows 11 во месеците што следат
Следна статијаНЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.