Фото: Intel

Lunar Lake е одговорот на Intel на доста популарните Snapdragon X чипови од Qualcomm кои моментално се единствените на кои функционираат новите Copilot+ компјутери.

Microsoft и Qualcomm изгледа имаат договор за одреден период на ексклузивност, па првите Copilot+ компјутери кои ќе излегуваат наредниот период ќе бидат само со чиповите од оваа компанија.

Дополнително, кога ќе излезат компјутери и со конкурентните чипови, се најавува дека тие нема веднаш да ги имаат функциите со вештачка интелигенција, па корисниците ќе ги добијат преку надградба подоцна во годината.

Со оглед на тоа, не е чудо што Intel нема веднаш да го пушти својот Lunar Lake чип, па првите компјутери со овој чип може да се очекуваат при крајот на септември, најверојатно од 25ти.

Без разлика што овие компјутери нема веднаш да ги имаат Copilot+ функциите, тие сепак ќе имаат доста други предности, меѓу кои најголемата малата потрошувачка со одлични перформанси.

Од идниот месец може да се очекуваат и првите Copilot+ компјутери со чип од AMD, односно со новата серија од оваа компанија Ryzen AI.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаApple негира дека ограничувањето на ВИ функциите на најновите уреди е поради поголема продажба
Следна статијаApple го имаат прекршено новиот европски Закон за дигитални пазари во дел кој се очекуваше
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.