cc3000e

Logitech ConferenceCam CC3000e претставува решение за конференциските видео повици, карактеристични за компаниите, кое што е преносливо, лесно за местење и има доста пониска цена од стандардните вакви решенија. Сепак наменето е за компаниите, па цената за домашниот корисник нема да изгледа толку ниска, а истата изнесува 999 долари.

Повеќето канцеларии кои што се опремени со конференциска опрема, истата е фиксна, односно не може лесно да се пренесе во друга канцеларија, а исто така тие решенија, посебно квалитетните се со висока цена. Logitech ConferenceCam CC3000e доаѓа со звучник на кој што се поставени и контроли за повиците, камера, далечински управувач, уред за поврзување на повеќе уреди. Сите овие делови се мали и преносливи, односно не бараат фиксно сместување на одредена локација и работат преку поврзување со било кој PC или Mac, но и со мобилни и таблет компјутери. Функционира со било кој од следните софтверски решенија за конференциски повици: Microsoft Lync, Cisco Jabber, WebEx, Skype, Vidyo и LifeSize UVC ClearSea.

Камерата е со ZEISS® Optics, снима во Full HD 1080p резолуција и има агол на снимање од 90 степени, што овозможува идеално снимање на 6-10 лица. Истата може да се врти за 260 степени или да се насочува горе/доле 130 степени, а движењето може да се контролира преку конзолата за разговор или далечинскиот управувач.

Главниот уред поседува LCD екран на кого се прикажани основните информации за повикот, како и Caller ID. Има можност за поврзување преку USB, Bluetooth и NFC.

Претходна статијаВетерници за производство на енергија 10 пати помали од зрно ориз
Следна статија„Протечена“ верзија од Windows 8.1 Update 1 достапна на интернет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.