Lenovo е производител кој беше пионер на лаптопите со дисплеј кој може да се сврти за 360 степени и да се користи како таблет. Оваа година тие го претставија Yoga 910, кој е премиум модел со извонредна изработка, дисплеј и перформанси, но премногу скап за поголемиот дел на купувачи. Затоа, тие сега го лансираат Yoga 720, кој е поевтин, но нуди многу слични карактеристики и перформанси.

На прв поглед, Yoga 720 не изгледа воопшто евтино. Рамката околу дисплејот е многу мала и потсетува на премиум конкурентите, а и целосната изработка делува луксузно. Ќе бидат достапни два модели – со 13,3 инчен и 15,6 инчен дисплеј и тие ќе бидат понудени во две резолуции – Full HD и Ultra HD. Дисплеите со повисока резолуција можеби ќе изгледаат поимпресивно, но ќе намалат по еден час траење на батеријата, која во стандардните модели трае 8 часа за помалиот, односно 9 часа за поголемиот модел.

Yoga 720 има и одлични спецификации. Сите процесори се од Core серијата од седмата генерација на Intel и тоа Core i3, Core i5 и Core i7. Таблет/лаптопите можат да се нарачаат со максимум 16 GB рам меморија, 1 TB HDD хард диск или 512 GB SSD диск. Поголемиот 15,6 инчен модел ќе може да се нарача и со Nvidia GTX 1050 графичка картичка, што е одлична вест за оние кои сакаат да имаат и гејминг можности на својот хибриден лаптоп. И двата модели имаат моќни JBL звучници, како и можност за користење на активното дигитално пенкалце на Lenovo.

Цените на Yoga 720 во САД почнуваат од 860 долари за помалиот модел и 1.099 долари за поголемиот модел. И двата модели ќе имаат вграден Windows 10, кој е најдобро оптимизиран оперативен систем за ваков тип на уреди. Според она што имаат да го понудатYoga 720 13 и 15, ова не е воопшто висока цена.

Извор: The Verge, ARS Technica, Lenovo

Претходна статијаДали знаете да формулирате добар и уверлив опис на вашиот продукт?
Следна статијаКако изгледа батеријата на Tesla Model S