Kinect2

Kinect е уредот на повеќето од вас познат, кој што доаѓа посебно како додаток за игрите на Xbox 360, односно стандардно со новиот Xbox One. Тој во основа преку поставените сензори и камера служи за препознавање на корисниците и нивните движења со што се овозможува интересен начин на играње на игрите, без контроли со движење на рацете, нозете, односно целото тело.

Kinect поради можностите кои ги нуди е прилагоден во повеќе случаи за друга намена покрај играњето на игри на играчка конзола. Во овој случај тој е поставен на границата помеѓу Северна и Јужна Кореа, границата која што е помеѓу најдобро чуваните граници. Намената на Kinect уредот е да во комбинација со специјално развиен софтвер за оваа намена ги детектира сите движења долж границата и потоа да ги распознава тие движења дали претставуваат човек или животно. Доколку се работи за човек системот испраќа информација со најблиската постава чии што луѓе треба да проверат подобро за што се работи.

Софтверот на овој систем е развиен од страна на самоукиот програмер од Јужна Кореа Jae Kwan Ko.

Извор: Kotaku

Претходна статијаVoxieBox, наскоро ќе играме холограмски видео игри
Следна статија10 години од основањето на Facebook
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.