Конвенционалните помошни тркалца што вообичаено се користат за децата да можат полесно да научат да воспостават рамнотежа при управувањето со велосипед, се на некој начин алатка која спречува несакани повреди при овој процес. Меѓутоа, со нивно користење значително може да се зголеми временскиот период додека детето научи да воспостави баланс и да управува со велосипедот без дополнителна помош.
Поведени од овој факт, група ентузијасти нашле начин како да направат само-балансирачки велосипед кој го нарекле Jyrobike. Тимот кој стои зад овој иновативен производ има за цел да на младите и надежни велосипедисти им овозможи побрз пат кон совладување на препреката – успех за возење на две тркала.
Jyrobike е опремен со интелегентен сензор – жироскоп, кој е поставен на предното тркало. Жироскопот всушност претставува уред за мерење и одржување орентација и работи на принципите на аголен момент. Тоа е физичка величина со која се мери настојувањето на едно материјално тело да продолжи да ротира. Вграден во предното тркало во форма на диск, поседува можност да електрички го придвижува тркалото и да создава сила која го корегира степенот на навалување на самото тркало, а со тоа и на велосипедот.
Jyrobike поседува три нивоа на стабилизација, што значи дека поседува можност да се подесува степенот кој го потпомогнува балансирањето. Доплнително, постои можност да ваквото подесување се врши со помош на далечинско, што резултира со LED светлосна индикација за соодветниот степен на стабилизација. Електичното полнење на уредот е овозможено со помош на micro-USB port, а вградената батерија има капацитет за работа од 3-4 часа.
Идејата за ваков велосипед настанала како резултат на проект наменет за факултет од страна на еден од иноваторите. По неколку направени прототипови, групата ентузијасти кои стојат зад овој проект покренале иницијатива за финансирање преку Kickstarter платформата. Нивниот план е да понудат неколку варијанти од нивниот производ. За цена од 249 $ нудат велосипед со 12 инчни тркала, а за 299 $ нудат поголема варијанта со 16 инчни тркала. Дополнително на ова, бидејќи технологијата на производот е сконцентрирана во уредот кој се монтира на предното тркало наречен Control Hub, истиот може да се добие по цена од 129 $ и 149 $, за 12 или 16 инчен уред соодветно.