Shutterstock.com

Да го правевме овој „муабет“ пред враќањето на AMD како сериозен конкурент, можеби и ќе немаше што многу да се каже, освен човек да се разочара. Сега, останува интересно да се види каков ќе биде пазарниот удел на Intel, а посебно и по одлуката на Apple да вградува свои чипови, наместо тие на Intel кај Mac компјутерите.

Додека AMD го освојува пазарот со нивните Ryzen чипови направени во 7 нанометарската технологија и тестовите покажуваат дека тие успешно им конкурираат на Intel, па во одредени категории се и подобри, Intel уште чекаме да ги претстави нивните 10 нанометарски чипови.

При информирањето за постигнатите финансиски резултати, кои се одлични, Intel информира дека ќе го одложи дополнително пуштањето на своите чипови направени во 7 нанометарска технологија и истите треба да се очекуваат дури во 2022 година, а лесно може да се случи да биде и 2023.

Причината за ова е проблем во процесот на производство кој изгледа ќе предизвика да Intel користи трети страни за одредени делови со цел да може да ги заврши своите чипови и да ги понуди на пазарот.

До крајот на годината и почетокот од идната се очекуваат 10 нанометарските верзии од чиповите на Intel, односно идната година ќе бидат достапни тие за десктоп компјутерите.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Tom's Guide
Претходна статијаИнфо караванот на ИПАРД денеска беше во Неготино и Кавадарци, се приближува рокот за аплицирање за Мерка 1 од ИПАРД Програмата
Следна статијаГреење и ладење без струење на водухот: Samsung Wind-Free™ Deluxe
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.