11th Gen Intel Core mobile processors, built on Intel’s 10nm SuperFin process, introduce the all-new Willow Cove architecture, which includes new CPU and GPU optimization and capabilities, greater AI acceleration, the fastest connectivity and more. They were introduced on Sept. 2, 2020. (Credit: Intel Corporation)

Intel останува во не толку завидна позиција, а посебно ако се спореди со долги години без посериозна конкуренција. Сега AMD се веќе вратени, во полна пареа како што би рекле, па во одредени делови се покажуваат и како подобри од Intel.

Иако за перформансите на чиповите не е ова единствениот фактор, сепак главниот проблем којшто Intel го има изминатиот период е што не успеа да се префрли на 10nm, па 7nm процес на производство, нешто што овозможува да на истиот простор се постават повеќе транзистори, а има големо влијание и на потрошувачката на енергија.

Како што нагласивме, не е се во оваа технологија, но дефинитивно прави разлика, а посебно од аспект на маркетинг, што може да биде клучно.

Поради тоа што AMD планира да ја претстави својата трета генерација од Zen архитектурата, Intel излезе со најава дека и тие работат, а новата 11-та генерација од нивните десктоп процесори, ќе излезе на почетокот од идната година.

Intel веќе ја претстави 11-тата генерација од нивните процесори, Tiger Lake, за тенките лаптопи кои се и најмногу популарни изминатите години. Идната година ќе го видиме продолжението наменето за десктоп компјутерите.

Оваа нова генерација на десктоп чипови повторно се очекува да биде направена со 14nm технологија, а префрлувањето на 10nm ќе почека уште малку, а тоа на 7nm е одложено, најверојатно за 2022-2023 година.

На крајот, сепак најважни ќе бидат тестовите кои ќе ги покажат перформансите, па се очекува дека без разлика на технологијата, Intel чиповите ќе останат на врвот, а предноста е што сега корисниците имаат исто така одлични чипови од AMD.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаПрогласени победниците во рамки на осмото издание на наградите “СоМо Борач“, а доделено и посебно признание од Гугл
Следна статијаФИТР: Со иновативни проекти во борба против климатски промени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.