Објавата на неофицијални резултати од „бенчмарк“ тестирањата од се’ уште непретставени процесори е еден од главните начини на кои се дознава нешто за овие производи.

Во една таква објава, од страна на VideoCardz, покрај интересните откритија за бројот на јадра и перформансите, се открива можна промена на начинот на именување на процесорите од страна на Intel.

Во резултатите објавен е процесор кој го носи името Intel Core Ultra 5 1003H. Ова асоцира на можноста од компанијата да престанат да ја користат една од најпознатите ознаки во овој бизнис, ознаката „i“.

Иако ова може да е само привремено име, избрано баш поради ваквите можни објави, сепак од компанијата не негираат дека тие подготвуваат некаква промена во брендирањето на нивните процесори. За плановите на Intel наводно наскоро ќе бидеме информирани, па ќе видиме за што точно се работи.

Верувањето е дека промената на брендирањето би дошла со наредната генерација од процесорите, односно со Meteor Lake генерацијата. Ова додатно асоцира на можни промени и поради поголемите промени кои ќе ги донесе оваа генерација на чипови од Intel.

Една од поголемите промени кои се очекуваат со Meteor Lake е поголемата флексибилност во поставувањето на различните компоненти, нешто што ќе овозможи чипот да е составен од различни делови.

Има уште време до официјалното презентирање на оваа наредна генерација на процесори од Intel, но наскоро ќе бидат достапни и повеќе информации, па ќе знаеме што да очекуваме.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Tom's Hardware
Претходна статијаАЕТМ: Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?
Следна статијаОфицијално отворен настанот СРЕДНОЛЕНД на Плоштадот Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.