18

Apple отсекогаш биле насочени кон дизајнот и корисничкото опкружување. Во некои период тоа изгледа дека им е еден од најглавните фокуси и тие отсекогаш биле загрижени за тоа како ќе изгледаат нивните производи и што ќе кажуваат за корисникот. Секако, следејќи неколку модерни трендови низ годините како што е намалување на електрониката, Apple почна да ги имплементира преку неколку интересни интервенции во сопствениот дизајн, како супертенки компјутери (MacBook Air), заоблени рабови, едно физичко тело (Unibody) на производите и слично.

Притоа може да се забележи дека стариот, почетен дизајн е целосно изгубен. Сепак, дизајнерите од Curved, позната германска страница за технологија, го осмислија дизајнот на iMac кој потсеќа на првиот Macintosh, а во исто време ги следи модерните Apple дизајн трендови.

Кога ќе го погледнете однапред самиот компјутер е многу сличен на првиот Macintosh, кој беше изваден на пазарот во 1984 година т.е. пред 30 години. Телото му е изработено од едно парче алуминиум кое е свиткано и го држи самиот компјутер исправен. Компонентите за компјутерот се извадени од MacBook Air и вклучуваат SSD диск од 128ГБ и 4 или 8ГБ РАМ меморија.

Тоа што е дополнително е екран осетлив на допир, најновата USB порта која дозволува внес од било која страна и слот за SD картичка. Овие сите се вградени во дупката која го глуми флопи влезот од оригиналниот Macintosh, во која има и микрофон и FaceTime камера. Инаку, од Curved го имаат замислено заедно со безжичните тастатура и глушец од Apple што одлично му прилегаат на овој редизајн.

Погледнете го видеото за претставување на овој концепт.

За жал, од нивната статија не може да се заклучи дали овој редизајн е вистински или чисто концептуален, нацртан со некоја алатка. Како и да е, неговиот ретро-футуро дизајн е нешто што Apple би можеле да го искористат за да ја вратат меморијата на нивните дамнешни уреди и преку тоа да ја објаснат историјата и развитокот на самата компанија и нејзините производи. Се надеваме дека Apple нема да им пушти тужба на Curved за прекрасниот концепт кој го замислиле.

Извор: The Verge, Wired

Претходна статијаМинималната плата и технолошката невработеност
Следна статијаXiaomi го претстави најновиот Mi Note како директна конкуренција на iPhone 6 Plus