Фото: Shutterstock.com

HarmonyOS NEXT е моментално тест верзија од HarmonyOS која е направена без Android. Со оваа верзија Huawei добива целосна независност од американскиот софтвер, а очекувано оваа верзија може да се очекува и кај компјутерите. 

Со тоа HarmonyOS NEXT ќе стане и алтернатива на Windows, не само на Android, сепак во главно за кинеските корисници каде и продолжи компанијата најдобро да функционира по блокадата од американските власти. 

Најавата дека овој систем може да се очекува и кај компјутерите дојде директно од компанијата, а периодот за кога се подготвува достапноста е крајот на оваа година. 

Сега изгледа гледаме докази дека ова навистина ќе биде така, па корисниците на компјутерите од Huawei може да го очекуваат овој нов систем како алтернатива на Windows.

Како доказ за остварување на најавите се гледа на сликите кои ги објавуваат од Huawei на кои може да се види формат поголем до тој на мобилните, формат кој може да е показател за изгледот на HarmonyOS на компјутерите. 

Од тоа што може да се види, останува можноста сличноста на HarmonyOS на компјутерите да биде повеќе кон macOS, отколку Windows или некоја Linux дистрибуција. 

Сепак, ќе видиме дали тоа навистина ќе биде така затоа што од сликите сепак повеќе се гледа таблет кориснички интерфејс, па не е познато колку од него ќе биде искористен и за компјутерите. 

Со оглед на блокадата од страна на САД, не треба да се очекува некое посебно присуство на овие производи во нашиот регион, но ќе почекаме да видиме каква ќе биде стратегијата на Huawei.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Tom's Hardware
Претходна статијаGoogle ќе ја засили контролата на квалитетот на апликациите во Play Store од септември
Следна статијаGoogle Messages ќе биде главната апликација за пораки кај Samsung телефоните
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.