onhub+blog

Се поголемото користење на Wi-FI сигналот за споделување на интернет конекцијата, придонесе за многу проблеми во поврзувањето на повеќе уреди и намалување на брзините. Google вели дека има решение, со новиот, едноставен OnHub рутер, развиен во соработка со TP-Link, со најава за соработка со други производители во иднина.

На прв поглед, OnHub воопшто не изгледа како рутер, бидејќи нема ниту една надворешна антена. Идејата е да може да го ставите на видливо место во дневната соба, а не да го криете, како што тоа веројатно го прават многу од корисниците со своите конзервативно дизајнирани рутери.

Сепак, не помислувајте дека ваквиот дизајн е лош за сигналот. Внатре има вкупно 13 антени, од  кои шест на 2.4 GHz, шест на 5 GHz и една која го контролира сигналот. Уредот има и 4 GB внатрешна меморија и е паметен, што значи дека може да врши многу повеќе функции, како ограничување на брзината на некои уреди, за добивање на поголема брзина на други итн.

OnHub се надградува целосно автоматски на понова верзија, а корисникот може да му пристапи преку специјална апликација, достапна за Android и iOS. Поддржува брзини до 1900 Mbps, што е фантастично, а има и голем опсег и може во исто време да поврзе многу уреди. Според Google, токму со OnHub, ќе ги решите сите проблеми со Wi-Fi конекцијата во домот.

Сето ова изгледа навистина добро на хартија и не се сомневаме дека перформансите на рутерот ќе бидат извонредни, но цената од 200 долари секако ќе биде ограничување за многумина, особено ако се знае дека може да се купат многу квалитетни рутери за половина од таа вредност.

Но, секоја иновација се плаќа, а оваа барем ветува и подобрување на еден сегмент од модерниот живот и на подолг период, бидејќи како што најави Google, ова не е првиот ваков уред и во соработка со други производители, понатаму ќе има и нови, подобрени модели.

Извор:  Engadget, Android Central, The Verge

Претходна статијаИнтел ги проширува можностите за развивачите, како што компјутерите се прошируваат во сите аспекти на живеење
Следна статијаSamsung Galaxy Note 5 го има најдобриот дисплеј од сите телефони досега