g8znsrjygmbj8m0w5zfa

Драги луѓе вљубеници во технологијата, доколку ова што Google го објави се покаже како точно,  може да е еден од најголемите напредоци во светот на технологијата – квантните компјутери ќе бидат милиони пати побрзи од денешните и се чекорот кон вистинска вештачка интелигенција.

Проектот трае веќе од 2013 година и е во колаборација со NASA – компјутерот се вика D-Wave X2 и според неговите креатори е првиот функционален квантен компјутерски систем. Но, големата вест денес е што Google објави дека развиле алгоритам кој ќе може целосно да го искористи квантниот процесор.

Многу од вас ќе се запрашаат што е квантен компјутер? Обичните компјутери, односно сите паметни уреди кои ги користиме денес, работат на бинарниот систем во кој има две состојби – 0 и 1. Во квантната физика, сепак, дозволено е постоење и на трета состојба, наречена суперпозиција. Во превод, во квантниот компјутер има три состојби – 0, 1 и 2, каде 2 е во суперпозиција, односно може да заземе бесконечно многу вредности од 0 до 1.

Поради ова и има потреба од развивање целосно нови алгоритми кои можат да ги искористат трите состојби. Така, со алгоритамот развиен од  Google, D-Wave X2 се покажал како 100 милиони пати побрз од досегашните компјутери – споредено со обичен чип со едно јадро. Всушност, на системот му биле дадени неколку можни начини за да ја заврши задачата и било мерено времето за кое тие ќе бидат завршени, каде квантниот компјутер се покажал како драматично побрз.

image00+(1)

Алгоритамот на Google се вика “Quantum Annealing” е споредено со претходните алгоритами кои можат да работат со квантните чипови, Quantum Monte Carlo и Simulated Annealing, се покажува како многу поуспешен.

Овој напредок во делот на квантните компјутери не очекувајте набрзо да ги донесе првите такви продукти на пазарот – тоа е се’ уште далеку. Сепак, ова е прв поголем чекор во таа насока.

Што може да се очекува од ваквите компјутери во иднината? Вештачка интелигенција, односно, за сите оние што гледаат научно фантастични филмови, компјутери и роботи кои ќе можат да даваат решенија во вистинско време, односно на пример да можете да разговарате со нив. Или пак да напишат ваква статија. Вознемирувачки и кул во исто време, нели?

Извор: Gizmodo, Engadget, ARSTechnica

Претходна статијаКако да направите GIF анимација од било кое YouTube видео?
Следна статијаМистеријата откриена: Познати личности од Македонија учествуваат во најиновативната кампања на интернет досега