Директорот на Nvidia Џенсен Хуанг преку видео на YouTube на многу интересен и уникатен начин реши да ја најави наредната генерација на графички картички која би требало да биде претставена утре.

Во видеото тој е во неговата кујна и се спрема да извади нешто од рерната, а секој би си помислил дека од седењето дома, тој решил малку да се занимава со готвење, па сега сака да покаже што знае.

Сепак, од рерната тој вади огромна графичка картичка која се гледа дека не е баш лесно да се крене и да се постави на масата.

Од тоа што може да се види јасно е дека се работи за графичка наменета за користење во сервери и други ситуации каде е потребна голема моќ.

Претпоставките се дека Nvidia ќе ја најави својата нова архитектура Ampere која треба да ја наследи одличната Turing. Технологијата која ќе се користи би требало да се намали од 12 на 7 нанометри.

Видеото е на почетокот од статијата, а од некоја причина истото е доста смешно.

ИЗВОРPCMag
Претходна статијаTwitter ќе им дозволи на вработените да работат од дома и по завршување на „корона“ состојбата
Следна статијаСкопје Сити Мол започнува со работа од петок 15.05. 2020 од 10:00 часот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.