desktop-inspiron-micro-pdp-module-3

Иако најчестиот избор на производителите кога се во прашање мини компјутерите е оперативниот систем на Google, Chrome OS, има и такви кои почнаа да го отфрлаат поради сите лимитации, како на пример тоа што мора секогаш да бидат поврзани на интернет, како и недостатокот на апликации.

Најновиот мини компјутер од гамата на Dell, Inspiron Mini Desktop, ќе има вграден целосен Windows 8.1 оперативен систем, кој и покрај тоа што и натаму бара посилни процесори за оптимална работа, а во однос на Chrome OS, драматично е подобар во однос на претходниците, со големата придобивка на многу повеќе програми и апликации.

Мини компјутерот на Dell има Intel процесори од Celeron и Pentium линијата, кои нудат солидни перформанси и ниска потрошувачка, но истите се помогнати од само 2 GB рам меморија, која може да го ограничи користењето на повеќе апликации одеднаш, како и само 32 GB SSD диск за складирање податоци, што е многу, многу малку за Windows 8.1 оперативен систем. За среќа, има можност за надградба на 500 GB хард диск.

Компјутерот ќе има четири USB порти, Wi-Fi и Bluetooth конекција, како и читач за картички и излез за дисплеј. Цената ќе му изнесува исклучително поволни 180 долари, односно 380 долари за модел со 23 инчен монитор и безжични маус и тастатура. Прилично достапно за целосен десктоп компјутер, но веројатно само за оние кои не користат тешки програми и апликации, бидејќи и покрај новите чипови, перформансите ќе бидат ограничени.

Извор: ZDNet

Претходна статијаНаучниците се на пат да најдат генетската врска за склоноста кон станување рано или седење доцна навечер
Следна статијаТинејџер инженер измисли систем за подобрување на квалитетот на воздухот во авионите